Апелациониот суд во Белград правосилно го ослободи Марко Џорџевиќ од обвинението за обид за двојно убиство на 8 јануари 2012 година, пред сплавот „Амстердам“ во Белград, и истовремено го осуди на шест месеци затвор и 50,000 динари поради носење муниција без дозвола.
Џорџевиќ поради недостиг на докази е ослободен од обвинението за обид за убиство на Миломир Марковиќ и Даниел Лекиќ и за недозволено носење пиштол.
Со оваа одлука се одбиени сите жалби и потврдена е пресудата на Високиот суд во Белград од септември минатата година. Според пресудата, која е објавена на сајтот на судот, Џорџевиќ е осуден на 11 јануари 2012 година, во станот во Белград, за неовластено поседување муниција, 17 куршуми кои претходно неовластено ги набавил.
„По налог на Апелациониот суд, во поглед на извршувањето на кривичното дело, обид за тешко убиство, првостепениот суд пресуди дека нема докази дека обвинетиот ги извршил наведените кривични дела“, се наведува во одлуката.