Кризата настаната поради коронавирусот тешко ги погоди најбогатите Австрајци, кои изгубиле и по милијарди евра. Австрија во моментов има 41 милијардер, а последиците од кризата на курсот на акциите и девидентите влијаеле на нивното богатство.
Во годишните извештаи, нивните имоти се намалиле за девет проценти, односно за 15 милијарди, што се сведува на цифта од 155 милијарди евра. Но, најбогатите Австријци немаат причина за грижа.
Годинашната листа на 100 најбогати Австријци е предводена од семејствата Порше и Пих, чии имоти се проценуваат на 34,8 милијарди евра, пренесува неделникот „Тренд“.
За споредба со минатата година, тие изгубиле 2,2 милијарди евра. Основачот на „Ред Бул“, се наоѓа веднаш зад нив со имот од 14,7 милијарди евра, а и тој претрпел губиток од околу милијарда евра. Слични губитоци претрпеле сите кои се наоѓаат меѓу 100 најбогати Австријци.