Јапонски милијардер плати 98 милиони долари за да помине 12 дена во вселената

Јапонскиот бизнисмен Јусаку Маезава плати 98 милиони долари за да престојува на Меѓународната вселенска станица. Таму ќе остане 12 дена. Тој е првиот турист што ја посетил станицата по многу години. Во 2023 година Маезава најави дека ќе патување во орбитата на Месечината.

Маезава полета од космодромот Бајконур во Казахстан заедно со рускиот астронаут Александер Мисуркин и видеопродуцентот Јозо Хирано, кој ќе го снима патувањето за Јутјуб каналот на јапонскиот милијардер.

Пред патувањето, Маезава поминал низ ригорозен тренинг, што вклучувало спиење во искосен кревет и долги периоди на играње бадминтон. Тој подготвил и листа од 100 задачи што сака да ги направидодека е во вселенската станица.

Маезава се збогати во модната индустрија. Во 2018 година беше објавено дека тој ќе биде првиот приватен патник околу Месечината, а сумата што ја плати за тоа никогаш не беше објавена.

Scroll to Top