Јули прогласен за најтопол месец во изминативе 142 години

Американската национална администрација за океани и атмосфера соопшти дека јули е најтоплиот месец во изминатите 142 години, откако се води статистика за висината на температурите во светот. Минатиот месец просечната температура на копното и површината на океаните во светот била 0,01 степени Целзиусови повисока отколку во претходниот најтопол јули, во 2016 година.

„Јули е генерално најтоплиот во годината, но јули 2021 година се надмина себеси, стана најтоплиот јули и месец што некогаш е регистриран“, вели Рик Спинрад, директор на одделот.

Температурниот рекорд во јули е 0,02 степени над претходниот, измерен во 2016 година. Истата температура како во 2016 година беше измерена и во 2019 и 2020 година.

Scroll to Top