„Јутјуб“ ги блокира каналите на руските медиуми во Европа

Компанијата „Гугл“ ги блокираше „Јутјуб“ каналите поврзани со руската телевизија „Раша тудеј“ и агенцијата „Спутник“ во Европа.

„Поради конфликтот кој во моментов се случува во Украина веднаш ги блокиравме „Јутјуб“ каналите во цела Европа поврзани со „Раша тудеј“ и „Спутник“. Ќе биде потребно време нашите системи ова во целост да го реализираат“, соопштија од европската канцеларија на „Гугл“ на „Твитер“.

Блокиран е „Јутјуб“ каналот и „Спутник Србија“, а колегите од европските редакции потврдија дека и нивните „Јутјуб“ канали се блокирани.

Овој потег следувал по најавите на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека Европската унија има намера да ги забрани руските медиуми кои се во државна сопственост, вклучувајќи ги и „Спутник“, „Раша тудеј“ и нивните филијали, во рамки на новите санкции кои се воведени во Русија во време на нивните воени операции во Украина.

Во понеделникот „Инстаграм“, „Мета“, а претходно и „Фејсбук“, го ограничија пристапот на новинската агенција „Спутник“ и „Раша тудеј“, ширум Европската унија.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, на 24 февруари објави почеток на воените операции и демилитаризација на Украина. Тој во обраќањето пред руските граѓани рече дека околностите бараат одлучна и итна акција, затоа што република Донбас побарала помош од Москва.

Путин рече дека целта на операцијата е да ги заштити луѓето кои веќе осум години се изложени на малтретирање и геноцид од страна на режимот во Киев.

 

Scroll to Top