Како да добиете екстра крцкава сланина и повеќе сладолед во „Мекдоналд“

Вработените во „Мекдоналд“ откриваат некои од тајните за најголемиот синџир за брза храна во светот.

Сите кои уживаат во храната од „Мекдоналд“ имаат можност преку страницата Quora да постават прашања и добијат одговори. Вработените откриваат како е да се работи во овие ресторани. Откриваат работи кои за повеќето клиенти биле непознати. На пример како да побарате сланината во хамбургерот да ви биде екстра крцкава.

Тие откриваат која е најсвежа храна во текот на ноќта. Која храна веднаш се подготвува и не стои премногу долго. Велат дека сите кои сакаат производи од „Мекдоналд“ треба во ресторанот да купуваат во текот на вечерните часови. Од друга страна, оние кои сакаат сладолед подобро е да нарачаат McFlurry во чашата отколку сладолед во корнет.

Во чашата ставаат повеќе сладолед.

На повеќето веројатно им е поважно како да добијат многу крцкава сланина? Па само побарајте од вработените. Ако нагласите дека сакате повеќе, повеќе и ќе добиете.

Вработените откриваат и дека не им е дозволено да јадат додека работат. Но, дозволен им е бесплатен оброк пред или по нивната смена. Доколку се случи да јадат за време на работното време, голема е веројатноста дека ќе добијат отказ.

Портпаролот на „Мекдоналд“ на крајот напишал дека големиот број  жалби и прашања се однесуваат на претходната состојба. Сега работите се променети, а рестораните функционираат поинаку.

 

 

Scroll to Top