Изберете место за дресура
Најидеално би бил дворот. Тој е во близина до вратата која се користи за изнесување на вашиот миленик. Но, морате добро да размислите која би била најдобрата локација каде ќе почнете да го дресирате вашето куче. Кога еднаш ќе го навикнете на местото каде ќе ги врши физиолошките потреби, тешко можете да го одвикнете.
Воспоставете распоред на обуката
Носете го вашиот миленик на местото кое сте го одбрале за дресура во исто време, неколку пати дневно. Се препорачува паузата за вршење нужда за вашиот миленик да ја правите 30 минути по секој оброк и уште неколку пати во текот на денот.
Правете гримаси на секоја наредба
Одлучете се за некаков израз на лицето кое ќе го користите како команда кога сакате да го испратите вашиот миленик да врши нужда. Кога ќе стигнете на местото кое сте го избрале, изговорете ја командата. Кога ќе порасне, носете го во паркови, или некаде на гости. Овие команди ќе му помогнат неговото однесување да го прилагоди на новите околности во кои се наоѓа.
За време на дресурата можете да користите какви било изрази кои ви одговараат. Овие зборови и команди не ги употребувајте на друго место. Во спротивно можете да го збуните миленикот.
Дајте му награда за убаво однесување
Кога вашиот миленик ќе покаже послушност и убаво однесување, наградете го. Пофалбата и наградата ќе му покаже дека неговото однесување е пожелно. Избегнувајте да го казните кога ќе направи некоја грешка. Не е реално да се очекува во текот на дресурата, животните да не згрешат. За дресурата има ефект, фокусирајте се на наградувањето за убавото однесување, а не на казнувањето.
Бидете трпеливи
Трпението можеби е најважниот елемент во моментите на дресурата. Прилагодувањето на животот на кучето во вашиот дом не е невозможна работа, но исто така не е ни лесна. На вас е да воспоставите основни правила и да се држите до рутината на дресурата. Важно е да запаметите дека процесот на дресура е еднакво стресен за вашиот миленик, како и за вас и да не дозволите да го изгубите трпението во ниту еден момент.
Покрај ова, постојат уште неколку вештини кои вашиот миленик може да ги научи.
Научете да седи!
Секое куче би требало да научи да седи. Кога ќе бидете подготвени да издвоите време и да го научите на сето од горенаведеното, задолжително изберете локација на која ќе имате можност да бидете сами и да немате никакви сметања од страна.
1. Во џебот ставете неколку парчиња храна, како сирење или виршли.
2. Наместете го вашиот миленик да стои пред вас.
3. Покаете му ги парчињата храна.
4. Покажете кон земјата и дајте му знак да седне.
5. Без повторување на зборовите, со рацете самите наместете го вашиот миленик во седечка позиција. Тоа најдобро ќе го направите, така што лесно ќе го турнете задниот дел од грбот кон земјата.
6. Еднаш кога кучето ќе се најде во седечка позиција, помазете и пофалете го.
Вежбајте го ова по неколку минути секој ден и на крајот вашиот миленик ќе почне самиот да седи по команда, веднаш откако ќе го побарате тоа од него. Важно е зборот за наредба, да го изговорите само еднаш во процесот на обука. Зошто поинаку, можете ненамерно да го истренирате кучето да седне откако наредбата ќе ја слушне неколку пати, наместо еднаш.
Научете го вашиот миленик да лежи
Откако ќе го научите да седне, можете да продолжите со дресурата и да го научите како да легне.
1. Кога ќе одлучите да го научите и на тоа, прво нешто што морате да направите е да му издадете наредба да седне.
2. Додека вашето куче се наоѓа во седечка позиција, наредете му да легне, држејќи ја храната во раце, но доволно високо за да не може да ви ја земе.
3. Лесно спуштете ја храната кон доле, нежно туркајќи го својот миленик да ја следи.
4. Еднаш кога вашиот миленик ќе се најде во посакуваната позиција, наградете го со храната.
Повторувајте го ова неколку дена по неколку минути, се додека кучето не научи да легне на вашата наредба. За време на целата постапка, фалете го и давајте му награда.
Единствен начин на кој можете да уживате во благодетите во животот со добро издресирано куче е да минете ефективно време тренирајќи го. Еднаш кога ќе истраете во тренингот, потоа ќе немате проблеми со неговото однесување и особено времето и местото каде треба да врши нужда.