Како да направите еднорог-јајца за Велигден

Јајцата-еднорог, инспирирани од цртаниот филм My Magic Unicorn, се вистински хит за Велигден. Се прават лесно, а потребна ви е само малку имагинација и трпение. За овие шик јајца ви требаат:
 
бели јајца
црн маркер
подебела хартија
лепак
светки
ножици
четка за боење
вештачко цвеќе
пиштол за лепак

Постапка:

Направете мал рог на подебела хартија во боја и декорирајте со светки. Рогчињата залепете ги на јајцата со пиштолот за лепак. Со црн маркер нацртајте очи со трепки. Вештачкото цвеќе залепете го околу рогот.

Scroll to Top