Дали сте се прашале зошто некои новостекнати пријателства едноставно процветуваат, додека други неславно се распаднуваат?
Не ѝ давајте прерано статус на најдобра другарка засекогаш
Можеби вие сте совршен пар, но сепак не брзајте со доделувањето на оваа титла на својата нова пријателка. Зборот на новата другарка „bestie“ е исто како да му кажете на вашиот дечко „те сакам“ пред време. Тие зборови се пресилни и ако чувство не е обострано, ќе ја ставите во незгодна положба.
Избегнувајте клонирање на нејзиниот стил
Доделувањето комплимент на нејзина сметка за страшно добриот стил е супер, но да го украдете нејзиниот изглед и не е така добро. Доколку тоа го направите, дружењето нема да потрае. Наместо да ја копирате, замолете ја со вас да појде на шопинг. Тоа ќе ѝ ласка, а заедничкиот шопинг е добар начин да се поврзете.
Не претерувајте со делење интимност
Супер е да ѝ кажувате за згодниот фраер кој неодамна сте го запознале, но да зборувате детално за неговите секси мускули се премногу информации за вашата нова другарка. Откривањето премногу лични податоци – без разлика дали се од сексуална природа или семејни тајни – не е само неумесно, туку и заморно. Таа сака да биде ваша другарка, а не психијатар и затоа немојте да ја оптоварувате.
Не пребарувајте ја на социјалните мрежи
Гуглањето на нејзиното име се чини безопасно, но неизбежно е да кажете некоја информација која ќе ве открие. Истото вреди и за Фејсбук и за другите друштвени мрежи. Доколку барањето за пријателство е пребрзо, ќе знае дека сте ја барале на интернет истата секунда кога сте стигнале дома.