Самите можете да си помогнете ако имате срцев удар, велат лекарите. Тие велат дека имате само 15 секунди да си помогнете пред да ја изгубите свеста. Прв симптом на срцев удар е остра болка во градите што се шири кон рацете и вилицата. Кога ќе почувствувате дека доживувате инфаркт, кашлајте константно и силно. Дишете длабоко пред секое искашлување. Кашлањето мора да биде длабоко и продолжено. Длабоко вдишете и тешко кашлајте на 2 секунди за срцето да почне да работи правилно. Длабокото дишење носи кислород во белите дробови и движењата на телото во текот на кашлањето го стегнуваат срцето и ја одржуваат циркулацијата на крвта.
Понекогаш симптомите почнуваат полека и траат подолго, што значи дека имате време да стигнете до најблиската болница или да повикате помош. Во меѓувреме не престанувајте со кашлањето. Според лекарите, луѓето кои го практикуваат овој метод успешно стигнуваат во болница.
Овој метод не е научно докажан, но испитувањата покажале дека им помогнал на многу луѓе. Истражувањата покажале и дека 80% од случаите на смрт од срцев удар настанале кај лица што биле сами во време на инфарктот и не можеле да си помогнат.