Наместо да купувате скапи детергенти за да ја исчистите фугата меѓу плочките во бањата или во кујната, направете домашна смеса со која плочките ќе изгледаат како нови. Потребни ви се: 7 чаши вода (1,5 литри), 1/2 чаша сода бикарбона, 1/3 чаша сок од лимон и 1/4 чаша алкохолен оцет.
Содата растопете ја во 1,5 литри вода. Додајте сок од лимон и на крај полека ставете го оцетот. Причекајте малку додека не се соедини смесата. Потоа со четка истријте ги фугите помеѓу плочките и тие за кратко ќе станат бели.