Какви лажни вести шират светските лидери за ковид-19?

Борбата против коронавирусот се однесува и на справување со лажни вести. Честопати, информациите што се неточни и понекогаш опасни се дистрибуираат на социјалните мрежи. Но, што се случува кога лажните вести се шират, не од медиумите, туку од самите светски лидери? Еве кои лажни информации ги шират шефовите на држави.

САД: Во Њујорк се крадат маски

Како може да се објасни потребата за доволно маски во еден од најпогодените градови во Америка? Според претседателот Доналд Трамп, недостатокот на заштитни мерки е резултат на кражби.

„Каде отидоа маските? Од задната врата?“, праша Доналд Трамп на прес-конференција. Но, нема докази дека „огромна количина хируршки маски биле украдени од болниците во Њујорк“. Со зголемувањето на бројот на пациенти и оние кои имаат потреба од интензивна нега, заштитната опрема е од најголемо значење, но има голем недостиг, не само во САД, туку и во целиот свет.


Кина: Вирусот не потекнува од овде, туку од САД или Италија

Многу кинески политичари ја ширеа идејата дека коронавирусот не се појавил првпат во Кина. Меѓу нив е и министерот за внатрешни работи Џаолин Лижан, кој повеќе пати споделувал слични написи на својот профил на Твитер.

Се разбира, државните медиуми во Кина ја шират оваа лажна вест. И теориите за потеклото на ковид-19 се многу – дека тој бил ослободен од американската армија или дека се појавил во Италија многу пред да се пресели во Кина. Но, ова не е точно, затоа што науката е категорична – коронавирусот се пренесуваше од животно на друго животно, потоа на човекот, и тоа се случи во Вухан, Кина на крајот на 2019 година.

Италија: Ковид-19 е создаден од Кина

На другиот крај на спектарот е лидерот на најпопуларната италијанска политичка партија Лига и поранешен потпретседател на Владата, Матео Салвини, кој продолжува да им тврди на своите приврзаници дека потеклото на ковид-19 не е природно. Тој е „создаден“ од Кина во лабораторија. Ова е теорија која е широко распространета на социјалните мрежи и ја поддржуваат многу луѓе. Но, науката е неповолна и за ова – коронавирусот не е вирус создаден од човекот.

Бразил: Постои лек за коронавирус

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е цензуриран од Фејсбук, Инстаграм, ЈуТјуб и Твитер за ширење лажни информации. Според него, медицината за маларија и хидроксихлорокин се целосно ефикасни во третманот на ковид-19. Да, имало слични студии во последните неколку недели, но нивната корисност сè уште не е целосно докажана.


Иран: Американските лекови нè инфицираат

Официјалниот профил на Твитер на иранскиот претседател Хасан Рохани откри дека Америка понудила помош за да ѝ помогне на земјата да се справи со ковид-19. Според информациите, на САД не треба да им се верува затоа што лековите што сакаат да ги испратат може дополнително да го рашират вирусот или да не го лекуваат.

Индија: Вирусот не е толку опасен овде

Според властите во Индија, коронавирусот во земјата мутирал и не е толку опасен како во другите земји низ светот, а човечкиот имунолошки систем се бори подобро со него. Но, ова не е мислење на научниците кои се согласуваат дека вирусот мутира, но сè уште не е јасно колку е смртоносен.

Scroll to Top