Канадски глумец почина од коронавирус

Канадскиот глумец Ник Кордеро почина од коронавирус. Ник со недели водел тешка битка со заразата, велат луѓе од неговото поблиско опкружување. Состојбата му се влошила кога завршил во болница во Лос Анџелес. Неговата сопруга Аманда Клотс ја потврди тажата вест.

Кордеро почина на 42-годишна возраст. Во болницата во САД помина 91 ден поради компликациите што му ги создал вирусот. Аманда на социјалните мрежи известила за неговата здравствена состојба. Таа потврдила дека Ник починал во неделата.

„Господ сега има еден ангел повеќе на небото. Мојот драг сопруг почина. Беше опкружен со љубов од своето семејство. Моето срце е скршено. Не можам да го замислам животот без него. Беше неверојатен глумец и музичар“, напиша Аманда и им се заблагодари на сите што беа со него.

Неговите пријатели и колеги на социјалните мрежи се простуваат од него. Завршил на респиратор кога состојбата му се влошила. Лекарите морале да му ја ампутираат десната нога поради згрутчување на крвта. Средството за разредување на крвта не помогнало.

Тоа само ги влошило работите и создало поголеми проблеми. Лекарите велат дека операцијата минала добро, вели Аманда. Вирусот му го ослабел организмот на глумецот и тоа создало дополнителни проблеми за него.

Кордеро глумел на „Бродвеј“, а бил номиниран и за наградата за мјузикл – „Тони“. Глумел и во телевизиските серии „Закон и ред: Оддел за жртви“.

Scroll to Top