Во Канада е поставен првиот автомат за „Опиоид“, како дел од проектот кој треба да помогне во борбата против кризата од предозирање. Првиот банкомат е поставен во градот Ванкувер.
Проектот е наречен MajSejf, а банкоматот на зависниците треба да им овозможи пристап до пропишаната количина на хидроморфон, дрога со медицински квалитет, која е двојно посилна од хероинот.
Доктор Марк Тиндал, професор по епидемиологија на Универзитетот во Британска Колумбија, е човекот кој го осмислил овој проект. Тој вели дека неговата цел е да се намали бројот на смртни случаи од предозирање во градот, кој минатата година достигнал и до 395 лица.
„Мислам дека е етички да им помогнеме на луѓето и да им понудиме посигурен извор“, изјавил Маркл. Тој вели дека наместо луѓето да купуваат непознати и опасни дроги од улицата, сега истите можат да набават лекови од фармацевска класа.
Дон Дурбан е социјален работник од Ванкувер и еден од 14 зависници, кој го користи апаратот. На почетокот на 2000 година му биле пропишани лекови против болки кои се базираат на „Опиоид“. Дон кој е татко на две деца, развил зависност и сег не може да се избори без дневната доза на „Хидроморфон“.
За разлика од повеќето зависници, Дурбан (66) не мора да го крши законот и да бара лекови преку дилери на дрога. Наместо тоа, на него му е пропишан „Дилауид“, од брендот „хидроморфон“. Тој во последните неколку недели можел да ги земе своите таблети од автомоатот во близина на местото каде преноќува, заедно со голем број на бездомници.
„Ова е божји дар“, изјавил Гуардиан, за време додека го користел апаратот. Откако неговиот идентитет бил потврден преку биометриското скенирање, машината му издала три таблети. Максимум може да го користи апартот четири пати во денот, во согласност со неговиот рецепт.
„Тоа значи дека не морам повеќе да купувам дрога. Сега законски се снабдувам. Не морам толку да се ангажирам околу барање луѓе. Можеме да се однесуваме како возразсни личности, а не манијакални наркомани. Ние сме само луѓе со ментално здравје“, вели Гуардиан.
Ванкувер веќе има неколку шеми за сместување на своите големи заедници на наркомани. Тој е првиот северноамерикански град, кој во 2003 година, воведе супервизиско место на вбризгување, каде корисниците ќе можат да ги земаат лековите пред медицинските работници. Постојат и програми кои на корисниците им овозможуваат пристап до фармацевскиот хероин.
Тиндал верува дека неговата шема, за која се надева дека ќе се воведе и во другите градови, на зависниците ќе им помогне така што ќе им пружи поголема автономија. Сепак меѓу експертите има и такви кои ги гледаат негативните последици од ваквата иновација.
Доктор Марк Ујаинвала, специјалист од Отава во источна Канада, вели дека на корисиниците на нелегалните дроги, потребно им е лечење за нивната состојба, а не полесен пристап до супстанците. Тој тврди дека таката шема може да резултира и со смрт, наместо да го излекува зависникот.