Карл Малден ќе добие споменик во Белград

Американскиот актер Карл Младен на 14 јули ќе добие споменик во „Југословенската кинотека“ во Белград.

Таткото на Малден, Петар, потекнува од селото Подосоје, крај босанскиот град Билеќа. Тој се преселил во САД каде што е роден познатиот актер, чие вистинско име е Младен Секуловиќ. На откривањето на споменикот ќе присуствува ќерката Малден со нејзиното семејство.

Белградскиот весник „Српски телеграф“ пишува дека споменикот ќе го открие актерот Мајкл Даглас, кој ќе допатува во Белград специјално за тоа.  Даглас изјавил дека е почестен од поканата да го открие споменикот, велејќи дека Малден имал пресудено влијание врз неговата актерска кариера. Не се знае дали со него ќе дојде и неговата жена Кетрин Зета Џонс.

Малден е роден на 22 март 1919 година во Чикаго, Во текот на својата кариера има настапувано во над 60 филмови и серии, а добитник е и на Оскар за споредна машка улога во филмот „Трамвајот наречен желба“. Почина на 1 јули 2009 година во Лос Анџелес.

Scroll to Top