Експертите од компанијата „Касперски“ направија предвидување како би изгледал животот на Земјата во 2050 година.
„Касперски“ своите предвидувања ги базирал на пишувањата на футуристи, експерти и обични луѓе кои своите мислења ги изнеле на интерактивната мапа на светот на сајтот www.2050 earth
Проектот е направен во чест на 20-годишнината на компанијата „Касперски“ и е во целост интерактивен.
На 3D мапата на планетата Земја можно е да се избираат различни градови и некои од нив да се разгледаат за 360 степени.
Може да се истражат Њујорк, Барселона, Шангај и Дака, токму онака како што истите ќе изгледаат во 2050 година.
Посетителите на овој интересен сајт можат да го изберат периодот од 2030 и 2050 година.
Предвидувања:
Според предвидувањата на компанијата „Касперски“, Дака и Бангладеш ќе поминат најлошо затоа што до 2050 година нивото на морето значително ќе порасне, што значи дека овие региони ќе бидат поплавени.
Иако некои од проектите кои човекот ги има направено со цел да ги намали ефектите од глобалното загревање се навистина добри, тие, сепак, би можеле за одредени региони да се реализираат предоцна.