Јапонија го изненади Уругвај во рамки на Копа Америка, играјќи 2:2. Јапонците два пати имаа водств, но Уругвај успеаваше во двата наврати да се врати во игра. Натпреварот во Порто Алегри беше сјаен за навивање, отворен со многу можности за голови.
Најинтересен момент беше во 32 минута, кога судијата досуди пенал за Уругвајците, кој не постоеше. Јапонскиот фудбалер Уеде имаше контакт со Кавани во шеснаесетникот, кој за главниот арбитар не беше доволен за пенал. Но, по реакцијата на помошниците, судијата се послужи со ВАР технологијата.
По прегледување на снимката и долго размислување, судијата покажа на белата точка. Пеналот прецизно го изведе Луис Суарез. Ваквата одлука предизвика многу контроверзи затоа што за многумина се чинело дека Кавани во обидот да дојде до топката го удрил противникот, а не дека врз Уругваецот бил направен прекршок.
Јапонците со овој бод се извадија за високиот пораз од Чиле во минатото коло. Во последниот натпревар играат со последниот тим во групата Еквадор кој е без бодови. Уругвај е прв во групата со четири бода, а Чиле има три. Овие две репрезентации ќе играат во последното коло, дуел кој ќе решава за победникот во групата.