Ќе се снима продолжение на „Гладијатор”, култниот филм со Расел Кроу

На почетокот од 2022 година, режисерот на филмот „Гладијатор 2“, Ридли Скот (82), ќе започне со подготовките за снимање, пренесуваат странските медиуми.

Скот во едно телевизиско интервју го најави продолжението на филмскиот хит од 2000 година, кој освои пет Оскари, вклучувајќи го и оној за најдобар филм. Засега тој не открива премногу детали околу него.

„Веќе имам завршено сценарио за продолжување на филмот. Штом ќе завршам со работа на филмот ‘Kitbag’, ќе почнам со снимање на „Гладијатор 2“, изјави тој.

Главната улога ја имаше Расел Кроу, кој го играше генералот Максимус Десиди Мериди, пријател на императорот Маркус Аурелиј, кој беше предаден и убиен од неговиот амбициозен син Комодус.

Продолжението на култниот филм се најавува со години, а странските медиуми шпекулираат дека приказната на филмот ќе се фокусира на Луциус, синот на Лусила, играна од Кони Нилсен во „Гладијатор“.

Луциј е внук на Комодус (толкуван од Хоакин Феникс во 2000 година), римски водач кој беше убиен од Максимус. Пред 21 година Спенсер Трит Кларк го толкуваше Луциј, но засега не е познато дали актерот ќе го глуми и како возрасен.

https://youtu.be/eUhWeQd0QFQ

Scroll to Top