Ќе се снима „Зоки Поки“ за 309 илјади евра

Детската книга „Зоки Поки“ од Оливера Николова наскоро ќе стане играна серија. Режисер на серијата ќе биде Александар Поповски, а ќе ја сними продукцијата „Кино око“. За снимањето на оваа детска серија Агенцијата за филм ќе даде 19 милиони денари или околу 309 илјади евра.

Авторите на серијата средствата ги добија откако аплицираа на отворениот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во филмската дејност. Освен снимањето на „Зоки Поки“, Агенцијата за филм ќе го поддржи и снимањето на две документарни серии. Едната е „Европски приказни“ во режија на Марко Ѓоковиќ, а втората е „Динамиката на македонската демократија 2006-2016“ на група режисери (Марко Ѓоковиќ, Лидија Мојсовска, Сашко Потер Мицевски) на „ОХО продукција“.

Книгата „Зоки Поки“ е напишана пред 55 години и од пред многу години е лектира за прво одделение.

 

Scroll to Top