Медоу Вокер (23), ќерката на починатиот актер Пол Вокер, откри дека имала тумор, но дека сега е добра. Манекенка на Инстаграм објави фотографија од операциона сала и откри дека ја победила блеста.
„На денешен ден пред две години. Минав многу долг пат. Збогум на туморот. Благословена сум и благодарна“, напиша таа и доби поддршка од своите пријатели.
View this post on Instagram
„Драго ми е дека си сега среќна“, „Што и да ти се случило, драго ми е дека сега си подобра“, „Жал ми е што си морала да поминуваш низ ова“, „Татко ти те чува од небото“, се дел од коментарите.
Неодамна Медоу се омажи за актерот Луис Торнтон-Алан со кого беше во врска неколку години. До олтарот ја одведе Вин Дизел, кој му беше најдобар пријател на нејзиниот татко. Медоу имаше 14 години кога Пол загина во сообраќајна несреќа.
(Фото) Ќерката на Пол Вокер му го честиташе роденденот на починатиот глумец