Ќерката на Стив Ирвин ќе се венча во зоолошка градина

Бинди Ирвин и нејзиниот свршеник Чендлер Пол следната година ќе се венчаат во Австралиската зоолошка градина, во знак на сеќавање на нејзиниот покоен татко, познатиот љубител на животни Стив Ирвин.

Веста ја потврди нејзината мајка Тери Ирвин, која во интервју за „Курир мејл“ зборувала за нејзиниот сопруг, најпознатиот ловец на крокодили.

„Сакаме тој ден да се сеќаваме на Стив. Затоа одлучивме да му запалиме свеќа на венчавката. Верувам дека луѓето кои ги сакаме секогаш се тука за нас. Знаете, кога некој ви недостига многу, корисно е да знаеме дека не можеме да го вратиме назад. Но, може да се сеќаваме на него“, вели Тери.

Тери исто така открила дека нејзиниот помлад син Роберт, во отсуство на Стив, ќе ја однесе сестра му до олтарот и ќе му ја предаде на младоженецот на церемонијата.

Љубителката на животни Бинди во едно од своите претходни интервјуа откри за своите необични планови за венчавката. Таа тогаш кажа дека по венчавката заедно со Ченлдер планираат да продолжат да ги гледаат крокодилите во зоолошката градина.

„Сите се шегуваме дека првата работа која ќе ја направиме како маж и жена ќе биде да ги нахраниме крокодилите“, се пошегува Бинди.

Бинди исто така се надевала дека еден ден ќе има деца и деа ќе успее да ги им ја подигне желбата да ги засакаат  животните и природата, како што тоа го направиле нејзините родители со неа.

Познатиот љубител на животни Стив Ирвин почина во 2006 година. Тој загина по неколкуте убоди од ража. Ирвин, кој ја отвори Австралиската зоолошка градина, беше познат и по неговата емисија „Ловец на крокодили“, која беше една од најгледаните во светот.

 

Scroll to Top