Досега лидерот на Северна Кореја беше возен со посебно изработен „мерцедес“ чија цена со оглед на безбедносната опрема со кој беше опремен се проценуваше на околу 1,7 милиони долари.
Ким во „мерцедесот“ се возеше во април, а безбедносната придружба трчаше до него. Тоа се случи за време на самитот со претседателот на Јужна Кореја.
За тоа возило се верува дека е од моделот „Mercedes-Maibach Pullman Guard armored”, лимузина која има V12 мотор и која изобилува со дополнителна опрема.
Иако забраната на Обединетите нации јасно наведува дека Северна Кореја не смее да увезува никаква луксузна роба, диктаторската влада сепак успева да одговори на желбите на својот лидер.
Таткото на Ким, Џонг Ли наводно го задоволувал својот луксузен вкус така што ангажирал персонален куепец кој патувал ширум Европа, со куфери полни со пари, за да избегне меѓународни санкции, но и да набави скапоцени предмети за покојниот лидер на Северна Кореја.