Кина доминира на листата на жени кои самите си создале богатство, наведе водечката луксузна издавачка група со седиште во Шангај Харан.
Четири од првите жени на листата, односно пет од 10 се Азијки, пренесува Би-би-си.
Џоу Ќунфеј, која ја основаше компанијата што произведува стакло за лаптопови и паметни телефони, е најбогата жена која самата го создала своето богатство, кое се проценува на 7,9 милијарди евра.
Нејзината компанија „Ленстехнолоџи“ има многу договори со поединци од најголемите технолошки компании, а најголемите купци им се „Епл“ и „Самсунг“.
Вкупно 28 од 50 жени кои самите си создале богатство, според Харан, се од Кина.