Кина има пари кои подмачкуваат, а Русија политички отров за Балканот

Зошто Србија бесконечно би чекала во Европската унија ако може да се сврти кон кинеските инвеститори, се прашува „Њујорк Тајмс“ во анализата во која бара и одговор на прашањето „Кој ќе победи во новата Голема игра?“.

Во текстот кој бил објавен, се потсетува на конфликтот меѓу комунистичкиот Исток и капиталистичкиот Запад во 20 век, оставајќи ја идеологијата на страна, бил судар на две суперсили, а дека денешниот конфликт е многу помалку статичен и дека сме сведоци на една нова Голема игра.

„За разлика од Големата игра од 19 век, меѓу Британското и Руското царство, која кулминирало со конфликт за доминација над Авганистан, денешната Голема игра е глобална, покомлексна и поопасна, Наречете ја Игра на тројка.

Во неа учествуваат тројца главни играчи, Русија, Кина и Запад, кој се натпреваруваат на три начини: географски, интелектуален и економски. И на три места овие сили се конфротираат: Сирија, Украина и Пацификот, пишува во текстот на Њујорк Тајмс.

Се наведува дека многу од конфликтите кои го одбележуваат нашето време можат да дефинираат некаква комбинација на овие три сета.

„Во различни степени, владите и граѓаните станале скептични во погледот на тоа дали либералната демократија и постевоениот интернационализам биле и дали ќе биде, вистинскиот избор за нив. За сите оние кои се сомневаат, Кина и Русија се издвојуваат како алтернативни модели и одбрамбени сили кои нудат нови аранжмани за билатерално и мултилатерално сојузништво, се наведува во текстот.

Њујорк Тајмс понатаму оценува дека додека Русија нуди воена суровост, Кина нуди трговска разновидност.

„За разлика од Западот, Кина не дозволува да човековите права и владеењето со законот застанат на патот на инвестициите. На крајот на 2017 година, Пекинг ги зголеми инвестициите во Украина, соопштувајќи дека тоа е важен градежен блок на новиот пат на свилата кон Европа. Владата во Киев, град кој е преплавен со корупција, со голема радост веќе соопштила дека 2019 година ќе биде година на Кина, во Украина, се наведува во текстот.

Њујоршки дневник го зема за пример и Балканот.

„Како премиер на некои балкански држави можете бесконечно да ја чекате Европската унија да ве пушти во клубот под услов да се држите до строгите стандарди и да ги спроведувате нејзините закони и регулативи на 80.000 страни. Или би можеле да се свртите кон кинеските инвеститори кои не се грижат премногу за овие работи. Кинескиот претседател Си Џинпинг во 2016 година, три дена поминал во државна посета на Србија. Година дена претходно, германската канцеларка Ангела Меркел таму поминала неколку часа, пишува во текстот.

Се наведува дека кинеската компанија од тогаш во Србија ги купиле најголемите челичани, меѓународниот аеродром во Тирана, во Албанија и големата термоелектрана во Романија и изнајмува дел од пристаништето во Пиреја, во Грција.

„Пекинг и Москва делат стратешки цели. Намалување на влијанието на Западот во светот“, оценува американскиот весник.

Весникот наведува дека како и за време на Големата игра во 19 век, Кремљ не треба да се грижи за критиките на јавноста дома, додека во странство форсира нелиберална агенда и дека токму ваквото однесување само допринесува за засилување на режимот на рускиот претседател Владимир Путин.

 

Scroll to Top