Кина прогласи крај на епидемијата од коронавирус

Ширењето на вирусот корона на територијата на Кина е запрено, соопшти официјален претставник на Комитетот за здравствени прашања на Кина, Ми Фенг.

„Бројот на потврдени случаи со инфекција е помал од 3000. Ширењето на епидемијата на територијата на Кина е целосно запрено“, рекол на брифинг, Ми Фенг.

Според последните податоци во Кина од почетокот на пандемијата биле регистрирани 81.439 лица со инфекција на коронавирус. Од нив 75.448 лица оздравеле, а 3300 починале.

Претходно, кинеските медиуми објавија дека во провинцијата Хубеј, освен во Вухан, која е познат како жариште за ширењето на Ковид-19, по цели два месеца е обновен внатрешниот патнички авиосообраќај.

Scroll to Top