Кинезите направија супер брз воз и железничка линија, по што времето на патување го скратија од еден час на само 14 минути. Супер брзиот воз вози на континенталниот дел на Кина, а линијата е отворена денес во Хонгконг.
Изградбата на супер брзиот воз и железничката пруга траела повеќе од осум години. Новата машина ги чинела Кинезите десет милијарди долари.
Овој нов систем направен е така што на дневно ниво може да пренесе 80.000 патници од финансискиот центар на Азија, кој брои седум милиони луѓе, до средиштето на производство, во провинцијата Гуангдонг.
Како што пренесува агенцијата АП, железничката линија по која возот се движи од Хонгконг до Шенџен, е долга 26 километри.
Патувајќи по оваа линија, патниците можат да бидат во контакт со кинеската мрежа на брзата железница, која сообраќа на 44 дестинации меѓу кои се и Шангај, Пекинг и западниот град Сиан.