Клептан по 19. пат ѝ се врати на Малена

Најубавата љубовна приказна од животинскиот свет во регионов доби продолжение. Клептан ѝ се врати на Малена по деветнаесетти пат.

Малена, штркот со скршено крило, за која веќе 28 години се грижи Степан Вокиќ (75), изминатите денови тагувала гледајќи ги бројните штркови кои се враќале, додека нејзиниот Клептан го немало. Стјепан бил уверен дека нејзиниот миленик ќе се врати, затоа што временските прилики се промениле и сето тоа влијае штркот од година в година да се враќа сѐ подоцна, со изминати 13.000 километри долг пат од Јужна Африка. Сепак стигна, пишуваат хрватските медиуми.

„Клепо секогаш доаѓа последен, а кога доцни, тогаш баш доцни. Меѓутоа, знаев дека ќе се врати. Ние двајца сме врзани со некоја посебна, нераскинлива врска“, кратко рече Вокиќ.

Приказната за неверојатниот однос измеѓу двата штрка одамна ги помина границите на Хрватска. Сè започна уште во 1993 кога Стипе, инаку домар на училиште во пензија, не го пронашал штркот со скршено крило кој претходно ловците го раниле. Требала да одлета во Африка, но не можела, па тој ја зел кај себе.

Девет години подоцна се појавил Клептан и се родила голема љубов меѓу него и Малена. Тие се доста познати низ регионот, што дури нивните фанови од година в година ја следат нивната единствена приказна за верност.

Досега имаат 66 потомци.

Scroll to Top