Кoe е вистинското време за китење на новогодишната елка?

Во времето на викторијанската ера елките секогаш се украсувале напладне пред божиќната вечер на 24 декември. Сепак, оваа традиција избледела затоа што луѓето сакаат многу порано да почнат со китењето и радоста што тоа ја носи со себе.

Една од традициите кај католиците е елката да се украси 12 дена пред Божик, односно на 13 декември. Но, за нетрпеливите и ова не е доволно брзо.

Некои се одлучуваат да китат на почетокот на Адвент – четвртата недела пред Божик, што оваа година се паѓа на 2 декември. Тоа звучи одлично за оние кои со нетрпение чекаат да украсат, а сепак сакаат да следат одредена традиција или се сентиментално врзани за одреден датум, нели?

Каква симболика има новогодишната елка во христијанството?

Преданието вели дека пред местото на раѓањето на Исус Христос растеле бор, кедрово дрво и елка.

Во знак на радоста што се родил Божјиот син, кедарот и борот му ги подариле своите плодови, а елката, бидејќи немала со што да го дарува Исус, се расплакала.

Ова го видел добриот ангел кој се сожалил над елката и ѝ симнал ѕвезда од небото која ја ставил на нејзиниот врв. Елката се свиткала и нежно ја принела ѕвездата пред бебето Исус.

Верувањето вели дека секое новогодишно дрвце треба да има украс на врвот, кој симболизира подарок за Исус Христос.

Китењето и собирањето на елката е одредено со датум, иако луѓето речиси никогаш не ги почитуваат овие датуми. Гледано од страна на Новиот завет: Елката не треба да се украсува сè до Бадник (24 декември ),  а треба да се собере на 7 јануари (Водици) -според Грегоријанскиот календар.

Зошто овој обичај е строго почитуван од нашите христијански предци? Поради тоа што се смета дека раното китење елка, пред и по одредени датуми, носи несреќа. Во текот на годините, оваа традиција се изменила во целост.

Во Македонија елката вообичаено се кити во средината на месецот декември, некои украсуваат на 15 декември, а некои, пак, на 19 декември, по празникот Св. Никола.

Scroll to Top