Кога повторно ќе можеме да патуваме и каде најпрво ќе почне летната сезона?

Додека едни сметаат дека дури 2021 година ќе биде реална за планирање патување, постојат оптимисти кои велат дека овогодишната летна сезона не е пропадната во целост.

И додека сите летови во април и во мај се откажани, авиокомпаниите очекуваат патувањата врвот да го доживеат во ударните летни месеци јули и август, со надеж дека летовите ќе се враќаат во нормала во текот на јуни.

Совет на многу туристички експерти е на почетокот на летната сезона луѓето најдобро да се држат до патувања во сопствената земја, а предвидуваат дека есенските и зимските дестинации оваа година би можеле да бидат попопуларни од кога и да е.

Кога ќе може да се патува во Франција?

Вонредната состојба во Франција е продолжена до 11 мај. Моментално на туристите не им е дозволен влез во земјата. „Тур де Франс“ е одложен за август, што значи дека патување во Франција ќе биде можно дури тогаш.

Летување во Шпанија?

Туристички агенции од Шпанија велат дека бележат пораст на резервациите во август и во септември, што им дава надеж дека  можно е тогаш да заживее сезоната.

Лето во Грција?

Иако островите Санторини, Крит и Кос немаат забележено случаи на заболени, до 15 мај сезоната сигурно нема да почне, иако традиционално почнува за православниот Велигден. Според тврдење на локалните жители, ако ситуацијата се смири, сите мерки би можеле да бидат укинати до јули. „Јуни е најраната опција“’, вели Кристина Тетрадис, претставничка на хеленската комора на хотели.

За Турција најмалку ќе се чека

Владата на Турција сè уште е оптимист дека земјата би можела да биде отворена за туризам до крајот на мај. Министерот за култира и туризам, Мехмет Ерсои, рекол дека се надева дека редовните летови ќе се вратат во нормала до крајот на јуни.

 

Scroll to Top