Една студија направена во Франција покажала дека поголемиот дел од зборовите што се изговараат при спиење се негативни, дури и вулгарни. Студијата е објавена во списанието Sleep. На нивната интернет страница луѓето објавуваат снимки од она што го зборуваат додека спијат. Во скоро десет отсто од снимките имало пцовки.
Сепак, најголемиот број луѓе во сон го користат зборот „не“. Според научниците, зборувањето во сон се одвива за време на РЕМ фазата од спиењето, кога се поголеми шансите за интензивни, емоционални соништа. Во тие соништа може да има ситуации кои ги примораат луѓето да изговараат „не“.
Според оваа истражување, поголемиот дел од разговорите во сонот граматички биле исправни, дури и оние со мноштво пцовки.