Четириесет и тригодишен возач од Кичево со својот автомобил удрил во мечка ноќеска на автопатот Тетово – Скопје. При инцидентот нема повредени луѓе, ама од ударот мечката е усмртена. И тетовската полиција ја потврди веста дека ноќеска околу 2:20 часот, на автопатот Тетово-Скопје, во близина на месноста Карпалак, патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Ф.О. од Кичево, удрило и усмртило мечка. Нема повредени лица во возилото, соопшти денес портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Потоа на местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово