За време на дваесет и седум години во брак со Мелинда, Бил Гејтс стекна огромно богатство. Двајцата заедно основаа и фондација вредна 50 милијарди долари. Само за данок на недвижностите кои ги имале во САД годишно трошеле по четири милиони долари.
Бил и Мелинда Гејтс неодамна и преку „Твитер“ објавија дека се разведуваат. Тие својот имот ќе го поделат на традиционалниот начин, а многумина се прашуваат кому што ќе му припадне.
За Бил Гејтс, еден од петтемина најбогати луѓе на светот, е познато дека сака да ги троши парите на непотребни работи. Покрај компанијата, тој има и приватен авион, скапи автомобили, а со Мелинда поседуваа голем број недвижности во голем број нделови од светот.
На основа на богатството стекнато во последните година дена, како што пренесува „Бизнис инсајдер“, Бил Гејтс во една секунда заработува околу 4.630 американски долари.
Тоа значи дека кога би трошел по милион долари дневно, би му требале околу 400 години за да го потроши целото богатство. Медиумите пренесуваат дека е побогат од британската монархија и дека има повеќе пари од најбогатите Азијци.
Кога на секој човек во светот би му дал по 15 долари, на крајот би му останале 28 милијарди долари. Вилата која ја има во Медина, со поглед на езерото Вашингтон, е изградена по мерка за него и Мелинда. Станува збор за современа, екстравагантна куќа, дизајнирана од компаниите „Болин Сивинтски Џексон“ и „Катлер Андерсон архитектура“.
Вилата, покрај бројните соби, има и канцеларии за состаноци од 2.200 квадратни метри и базен со подводно озвучување. Има и гаража за неколку десетина автомобили и театар во стилот на „Арт Декоа“, со дваесетина седишта.
Тука има и 2.500 квадратни метри здравствени објекти, потоа вежбалница, сауна, библиотека од 2.100 квадратни метри, спортски терени, поток преполн со лососи и пастрмки, пристаниште за чамци и приватна плажа на езерото со песок донесен специјално од островот Свети Луција.
На сето тоа е инсталирано технолошка опрема со аудио-визуелни системи, сензори, осветлување, кои се програмирани однапред и строго контролирани.
Семејството Гејтс во 1999 година купи луксузна вила во Индијан Велс, за 12.5 милиони долари. Двојката поседува и луксузен ранч во Санта Фе, во Калифорнија, куќа на брегот на океанот во Дел Мар и имотот во Вајоминг во Велингтон.