Комедијата „Налепница“ е најдобар краток филм на „Бруклин филм фестивал“

Црната комедија „Налепница“, работена по сценарио и режија на Георги Унковски ја доби наградата за најдобар краток филм на „Бруклин филм фестивал“ во Њујорк. Приказната е за Дејан (Сашко Коцев) кој по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија проблеми. Филмот се снимаше шест дена на повеќе локации во Скопје, а трае 19 минути. Освен Коцев, во филмот глумат и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоска и Димитрија Доксевски.

Филмот премиерата ја имаше во септември 2019 година, а беше прикажан и на реномираниот фестивал за независен филм, Санденс.

Scroll to Top