Комичарот Зеленски фаворит во трката за претседател

Во Украина денес се отворени гласачките места за вториот круг на претседателските избори на кои граѓаните бираат претседал меѓу комичарот Володимир Зеленски и актуелниот прв човек Петро Порошенко.

Според анкетите, Зеленски (41) е фаворит пред Порошенко (54). Зеленски популарноста ја стекна во телевизиската комедија „Слуга на народот“, глумејќи го украинскиот претседател кој се бори против корупцијата. Како лик кој го толкува, Зеленски ја насочил својата кампања на борбата против корупцијата.

Scroll to Top