Кон Земјата се приближува потенцијално опасен астероид

Астероид, класифициран како „потенцијално опасен“, ќе се приближи до Земјата на 6 јуни, соопшти НАСА. Оттаму велат дека астероидот, чиј дијаметар е помеѓу 250 и 570 метри, се очекува да помине покрај Земјата на растојание од 5,1 милион километри со брзина од 11,1 километар во секунда, пренесува агенцијата ТАСС.

Во моментов астрономите откриле повеќе од 8.000 астероиди со дијаметар од над 140 метри, кои се во радиус од седум милиони километри од Земјата.

Според експертите на НАСА, вкупниот број големи астероиди во вселената близу Земјата достигнува околу 25.000, пренесува Space.com.

Scroll to Top