Кончита Вурст има ХИВ

Победникот на Евросонг од пред четири години, познат како Кончита Вурст е заразен со ХИВ вирусот и тоа јавно го објави на својот Инстаграм профил.

“Имам ХИВ неколку години. Тоа е ирелевантно за јавноста, но поранешното момче го објави ова. Јас никогаш нема да дозволам некој да ме плашиили уценува,па затоа и решив јас, јавно да го кажам тоа“, вели Вурст.

Тој додава дека почнал да се лекува откако дознал за дијагнозата и дека редовно врши контроли, оти постои опасност да зарази некого.

“Се надевам дека и други ќе се охрабрат и дека ова ќе биде уште еден чекор против стигматацијата на луѓето кои било поради своето или однесувањето на другите, се заразиле со ХИВ, додава Кончита Вурст, познат како Том Нувирт.

Вурст победи на Евросонг 2014, како претставник на Австрија

Scroll to Top