Конгресмен ја обвини Иванка Трамп дека го прекршила законот

Председавачот на Надзорниот одбор во Претставничкиот дом на Конгресот во САД, Елајџа Камингс ја обвинил Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, дека не ја чува својата службена комуникација на мејл, како што тоа го налага федералниот закон во САД.

Камингс кој е демократ од Мериленд, навел дека Еби Ловел, адвокатот на Доналд Трамп, на крајот на минатата година, го известил одборот дека Иванка Трамп не ги чува пораките кои ги добива на својот личен налог, доколку не одговори на нив, пишува „Асошиетед прес“.

Камингс изјавил дека со тоа Иванка го крши законот за претседателската евиденција. Тој исто така објавил дека Ловел потврдил дека сопругот на Иванка, Џаред Кушнер, ја користел апликацијата за размена на пораки „Ватс Ап“, за објавување на службени работи на владата на САД.
„Си-Ен-Ен“, минатата година пренел дека Кушнер комуницирал со саудискиот принц Мохамед бин Слманом, користејќи ја оваа апликација.
Во интервју за „AБЦ Њуз“ минатата година, Иванка Трамп ја бранела употребата на приватниот мејл налог, велејќи дека сите нејзини пораки биле архивирани и дека ги чува. Немало никакви бришења, наведува агенцијата.

 

Scroll to Top