Контроверзен филм за чесни сестри лезбејки ја потресе црквата: Покрената петицијата за забрана на емитување

Здружението на католички активисти во Белфаст покренало петиција за забрана на прикажување на филмот „Бенедета“ на Велики петок.

Филмот на режисерот Пол Верховен, снимен според животот на калуѓерката Бенедета Карлини, требаше да биде прикажан овој петок.
„Овој филм е измама и ништо повеќе од очигледен напад на католичката вера“, изјавил Демиен Марфи, од Ирското друштво за христијанска цивилизација, за Belfast Telegraph.

Иако прикажувањето вообичаено ќе започне во Ирска и Велика Британија, Марфи кажал дека почетокот на прикажувањето е „пресметана навреда за сите христијани“ и дека е срамота што е дозволено на ваков важен ден.

Се разбира, филмот претходно наишол на критики од верниците кои се згрозени од сцените на калуѓерки кои се галат со Исус, статуата на Богородица користена како секс играчка и порнографскиот приказ на калуѓерки во лезбејски сцени.

Верховен ги коментирал критиките:
„Не разбирам како нешто што се случило во 1625. година ќе го наречете богохулење. Не можете да ја промените историјата или работите што се случиле, а филмот го базирав на она што се случило. Во овој случај, користењето на зборот богохулење е глупаво“, изјавил режисерот.

Scroll to Top