Српските музичари Реља Поповиќ и Клинац на 24 декември ќе имаат концерт во А1 Арената во Скопје. Организаторите „Балкан медиа“ го најавија концертот како најголемата балканска журка во годината.
„По сите случувања со пандемијата, конечно дојде време да се вратиме во реалноста. Новогодишните празници се период кога секој сака забава, а ние токму тоа го нудиме. Затоа и решивме на сите оние кои што сакаат да ја слушаат музиката на Реља и Клинац, да им подариме предновогодишна забава“, велат организаторите и најавуваат уште неколку гости и изненадување за публиката што ќе дојде на концертот.
Влезниците чинат 600 денари и веќе се во продажба.
Настанот ќе се одржи согласно актуелните протоколи за одржување јавни настани на затворено.