Коронавирус нема само во 15 земји во светот

Новиот коронавирус Ковид-19 не е раширен во само 15 земји, покажуваат податоците од статистичките центри. Најголем број заразени и починати има во Кина, Италија и Иран. Ворлдметар, кој на секој час прави обновување на податоците за целиот свет, покажува дека пандемијата зафати повеќе од 180 земји во светот.

Меѓу земјите во кои нема ниту еден случај на заболен со коронавирус е Гренланд, каде што има околу 55.000 жители. Засега вирусот го нема и во африканските земји: Боцвана, Зимбабве, Мозамбик, Мадагаскар, Намибија, Ангола, Либија, Мали, Малави, Коморос, Уганда, Јужен Судан, Папуа Нова Гвинеја и Јемен.

Во светот до моментов има преку 266.000 заразени лица. Од нив околу 90.000 се излечени, а над 11.000 се починати. Останатите 156.000 се лекуваат.

Scroll to Top