Кортни е наставничка на годината која никогаш не им дава домашна на учениците

Голем број од родителите ја сметаат Кортни Вајт за наставничка на годината поради нејзината политика на учење и воспитување на учениците.

Кортни предава по предметот Англиски јазик во средно училиште во Тексас. Таа вели дека не верува во домашни задачи.

„Никогаш не сум му дала домашно на некој ученик во мојата кариера“, вели Кортни.

@cmw1129Students do enough work at school, they don’t need more at home! ##teachersoftiktok ##letmeintroducemyself ##fyp ##AirheadsDitchChallenge ##TimeforTENET♬ original sound – iAmJordi

Кога Кортни го објавила своето видео на „Тик-ток“, таа ја споделила и својата филозофија на работење. На видеото стои натпис кој претставува порака до сите наставници.

„Морате да бидете наставник кој не дава домашни“, пишува Кортни.

„Никогаш не сум помислила дека моето видео ќе стане толку популарно. Оваа политика не е нова, само за неа не се зборува толку многу. Не сум првата наставничка која го има применето ова во училницата, па кога го снимав видеото, мислев дека ќе биде само некаков вид шега“, вели Кортни.

Видеото има собрано преку милион прегледи и поттикна жестока дебата меѓу родителите.

„Нема докази дека домашните задачи ќе ги направат учениците подобри. Го почитувам времето надвор од училниците. За време на целиот ден тие вредно работат. Нема потреба да одат дома и да работат дополнителна домашна работа. Ако го прават тоа во домовите, тоа не ми покажува дека тој ученик е генијалец. Тоа е екстра пракса, тоа е сигурно. Но, не е пракса ако тоа го прават погрешно. Не е добра пракса, ако мамат или ако некој друг работи место нив. Некои од нив имаат работа, некои се грижат за нивните помлади браќа или сестри, некои само спијат. Некои мораат да се грижат дали семејството има што да јаде. Ако им дадете дополнителни домашни, кога ќе најдат време да бидат деца? Кога ќе имаат време да се опуштат?“, прашува наставничката.

 

View this post on Instagram

 

This teacher is running on Dunkin today. May your day be good and your coffee be strong! #itswednesdaymydudes

A post shared by Courtney White. 💕✨🌵 (@teachingwithmrswhite) on

Другото видео има повеќе од 4 милиони прегледи и е со коментари дека Кетрин е наставничка на годината. Некои се шегуваат дека Кетрин е во право што не дава домашни, затоа што тоа ќе значи повеќе работа за неа и сите наставници кои ќе треба потоа да ги оценуваат децата.

 

 

Scroll to Top