Крај на ерата на владеење на семејството Кастро во Куба

By

Раул Кастро (89) си поднесе оставка од местото шеф на комунистичката партија на Куба. Светските медиуми пишуваат дека тој ја заврши ерата на формалното водство која тој и неговиот брат Фидел Кастро ја започнаа со револуција уште во 1959 година.

Кастро оставката денес ја најави во говорот на отворањето на Осмиот конгрес на владејачката партија. Тој изјавил дека се повлекува со чувството дека ја исполнил својата мисија и е убеден во иднината на татковината.

Тој навел дека раководењето со партијата ќе им го предаде на младата генерација, која, како што тој навел, е полна со страст и антиимперијалистички дух. Кастро не кажа кој ќе биде неговиот нов наследник на местото прв секретар на Комунистичката партија.

Тој претходно објави дека фаворит му е 60-годишниот Мигуел Диаз Канела, кој го наследил на местото претседател во 2018 година и е стандарден носител на младата генерација на лојални луѓе, кои го истуркале економското отворање, а не го загрозиле кубанскиот партиски систем.

 

 

Ќе ви се допадне