Кралицата Елизабета дозволи туристите да прават пикник во градината на Бакингемската палата

Кралицата Елизабета дозволи градината на Бакингемската палата да се отвори за турсти што ќе може самите да организираат пикник. Исто така, ова лето посетителите првпат во историјата ќе може да ја истражуваат градината без туристички водич, пренесоа британските медиуми.

Посетителите сега ќе може да уживаат и да се шетаат во приватната градина на кралицата од јули до септември оваа година. Ќе им биде дозволено да организираат пикник на тревниците, но ќе бидат забранети скари, игри со топка и алкохол. За сето ова тие ќе треба да купат билет.

Истовремено, традиционалното отворање на државните простории во палатата што се случува налето, а кое обично привлекува илјадници луѓе, е откажано втора година по ред поради пандемијата на коронавирусот, објави Би-би-си. Тоа значи дека туристите ни оваа година нема да може да влезат во палатата во малкуте простории што се достапни за јавноста.

Scroll to Top