Кралскиот батлер е отпуштен затоа што изјавил дека принцот Џорџ е геј

Поранешен батлер на кралското британско семејство бил отпуштен од работа откако јавно зборувал за тоа дека принцот Џорџ од Кембриџ е склон кон хомосексуалност.

Едвард Х. Бароу III станал непожелна личност во Бакингемската палата откако зборувал со човек од Холивуд минатата недела и ја открил, како што самиот тој ја нарекува, најголемата тајна во кралското семејство.

Бароу изјавил дека бил отпуштен од Палатата неколку дена по интервјуто и дека добивал смртни закани. Тој сега се плаши за својот живот.

„Секој од Палатата знае дека принцот е малку склон кон хомосексуалност. Никогаш не помислив дека ќе ја изгубам работата или дека ќе примам смртни закани затоа што  го кажав тоа на глас.

„Тие ја убија Дијана за помала работа. Замислете што ѝ направија затоа што спиеше со нејзиниот бодигард кој беше муслиман“, зборува Бароу со страв.

„Веќе нема да кажам ништо. Кога го кажав ова бев пијан. Никогаш не смеев да го изговорам тоа. Јас сум мртов човек“, изјавил Бароу.

Едвар смета дека кралското семејство сака да ја скрие хомосексуалноста на принцот Џорџ затоа што е исплашено дека тоа би можело да претставува крај на кралската монархија.

„Дури и кралицата е свесна за сексуалната определба на принцот Џорџ и му прави голем притисок на принцот Вилијам  да ѝ даде пристоен наследник“, изјавил Едвард.

„Кралицата била бесна кога дознала дека принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ќе добијат девојче, принцезата Шарлот, па Елизабета II сега очекува нивното трето дете да биде момче“, додал тој.

Принцот Џорџ во моментов е трет од линијата наследници на британскиот трон, по принцот Чарлс и принцот Вилијам.

Портпаролот во Бакингемската палата вели дека  Едвард го прекршил договорот откривајќи ја приватноста на кралското семејство, но не ги коментираше обвинувањата од страна на Едвард.

 

Scroll to Top