Банкарот од Бахамите, Гај Џентајл (41), раскинал со руската манекенка Кристина Кучма (24) една вечер во ресторан, а таа потоа му се одмаздила на несекојдневен начин.
Џентајл води брокерско претпријатие, а на 7 октомври во дворот во сопствениот дом го дочекало вистинско изненадување.
Имено, неговата сега веќе поранешна девојка Кристина го паркирала неговиот „мерцедес“ во базен, а на Гај му биле потребни четири часа за да го извлече од таму.
Сега Гај конечно проговори за овој инцидент.
„Морам и јас да прифатам дел од одговорноста. Ако жената не е луда, тогаш не ве сака. Изгледа толку ја полудев што ми го паркира возилото во базенот“, изјави тој.
Во текот на 2007 година Џентајл наводно бил обвинет за малверзации на „Волстрит“ кога се обидел да ги зголеми цените на акциите преку лажни или погрешни препораки.
Почнал да соработува и со ФБИ за да се ослободи од обвинението, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Со Кристина раскинил вечерта во ресторанот кога му побарала 50.000 долари за да почне сопствен бизнис. Во врска биле една година.