По 40 години, хрватската дискографска куќа „Кроација рекорд“ го реиздаде алмубот со избор на песни од Блаже Конески, насловен како „Проста и строга македонска песна“. Рециталот е на Цветанка Трпкова, во пијано придружба на Љубомир Бранѓолица.
„Ова е година на големи јубилеи за Македонија. Државата слави 30 години независност и се одбележуваат 100 години од раѓањето на Конески. Кога на тоа ќе се додаде дека и албумот излезе пред точно четири децении, имавме многу добри поводи за негово повторно објавување на цеде токму оваа година“, вели музичкиот уредник во „Кроација рекордс“, Никола Кнежевиќ.
Покрај овој албум, издавачката куќа го реиздаде и албумот „Зафир пее – Македонија пее“ од 1986 година на македонска музичка легенда Зафир Хаџиманов, кој почина во март оваа година од коронавирус.
„Тој знаеше дека повторно ќе го објавиме овој албум, но, за жал, не ја доживеа промоцијата“, додаде Кнежевиќ.
Хаџиманов на албумот компонираше десетина шансони и балади, на стиховите на големите поети како Константин Миладинов, Коста Рацин, Блаже Конески, Аце Шопов и Радован Павловски, Милош Црњански, Душко Радовиќ, Десанка Максимовиќ, Брана Црнчевиќ.