Кучињата на Џо Бајден иселени од Белата куќа откако гризнале човек

Германските овчари на Џо Бајден, Чемп и Мејџор, веќе не живеат во Белата куќа оти еден од нив каснал припадник на обезбедувањето на американскиот претседател. Тие се вратени во семејниот дом на Бајден во Делавер, пишуваат медиумите.

Според нив, Мејџор, кого Бајден го вдомил 2018 година, почнал да се однесува агресивно. Анонимни извори од Белата куќа рекле дека тој често скокал и лаел по персоналот.

Чемп и Мејџор беа донесени во Белата куќа четири дена откако Бајден положи заклетва за претседател. Но, неговата сопруга Џил, брзо потоа откри дека кучињата тешко се вклопувале во новата средина.

Американските претседатели имаа долга традиција да чуваат домашни миленици во Белата куќа, но тоа го прекина Доналд Трамп, кој немаше ниеден миленик.

Scroll to Top