Куќата на серискиот убиец Чарлс Менсон се продава за 2 милиони долари

Куќата во Лос Фелиз во Калифорнија, во која во 1969 година членовите на озогласениот култ на Чарлс Менсон брутално ги убија Леон и Розмери ла Бјанка е ставена на продажба. Куќата на следбениците на сериоскиот убиец е со површина од 550м2, градена е во медитерански стил, има две спални соби и две бањи, базен, италијански плочки, подзакриена тераса и опкружена е со простран двор. За неа се бараат 1,98 милиони долари.

Според медиумите, цената на куќата може и да порасне бидејќи оваа година се одбележуваат 50 години од убиството, а деновиве почна да се прикажува и филмот на Квентин Тарантино „Си беше еднаш во Холивуд“ со Леонардо ди Каприо и Бред Пит, кој е инспириран токму од овие убиства.

Scroll to Top