Куќичка како од приказните ги воодушеви минувачите во Градскиот парк во Скопје. Тие на социјалните мрежи споделуваа слики од трупецот на старо исушено дрво што екипите на „Паркови и зеленило“ го преправиле во куќичка. „Како куќа од бајките“, „Тука може да живеат џуџињата на Снежана“, „Чекам да се појави некој Штрумф“, се само дел од коментарите на фотографиите.
Од „Паркови и зеленило“ велат дека ова ќе продолжи и во иднина, а стеблата на сувите или болни дрвја наместо да се сечат до земја, ќе прераснат во разни интересни форми што би го привлекле вниманието на минувачите, пред се на децата.