Маж од Велика Британија купил луксузен автомобил Huracan Performante Spyder од брендот Ламборџини, но веднаш го искршил. Од салонот за автомобили, тој излегол на автопатот и доживеал незгода.
Иако многумина помислие дека сопственикот на автомобилот е виновен за несреќата, во полицискиот извештај стои дека возачот на автомобилот со 640КС, нагло запрел на автопатот поради механички дефект. Возачот на комбе што бил зад него немал доволно време да реагира па го удрил задниот дел на автомобилот. Според фотографиите, штетата на ламборџинито е голема и многу веројатно ќе заврши за автоделови.
Не е познато дали и колку бил повреден возачот на скапиот автомобил. Возачот на комбето, пак, е хоспитализиран со полесни повреди на главата.
Huracan Performante Spyder се продава во Европа по цена од околу 261.000 евра.